in

Александер-Арнолд поради повреда нема да патува на ЕП!

Англискиот дефанзивец, Трент Александер-Арнолд нема да патува на Европското Првенство.

Десниот бек на Ливерпул се повреди во завршниот дел од пријателскиот натпревар кој се одигра во среда против Австрија. Тој беше заменет пред самиот крај, а додатните тестирања покажаа дека Арнолд има искинат мускул.

Младиот дефанзивец се очекува да паузира шест недели и ќе се врати во неговиот клуб со цел да го забрза процесот на рехабилитација. Менаџерот на Англија, Герет Саутгејт, изјави дека замената на Арнолд во составот на репрезентацијата ќе ја соопшти на последниот тренинг пред натпреварот со Романија.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote