Ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд беше вклучен во составот од 26 играчи за Европското Првенство кое ќе започне на 11 јуни.
Бекот на Ливерпул, 22, е еден од четирите десни бекови кои ќе добијат шанса ова лето. Хари Мегваер и Џордан Хендерсон и покрај тоа што се повредени, ќе патуваат со репрезентацијата и се дел од составот.
Менаџерот Герет Саутгејт мораше да отстрани седум играчи од продолжениот список. Мајсон Гринвуд се повлече поради повреда, а Џеси Лингард, Ерон Ремсдејл, Бен Вајт, Бен Годфри, Џејмс Ворд-Праус и Оли Воткинс беа отстранети.