in

НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА МЕТА НА КРИТИКИ! „ЗАСЛУЖУВА ОСКАР“!

Експертскиот консултант на Скај Спорт, Патрис Евра, истакна дека фудбалерот на Лидс Јунајтед, Езгјан Алиоски, заслужил Оскар поради реакцијата што претходеше на исклучувањето на Никола Пепе од Арсенал.

Французинот го удри нашиот репрезентативец со глава на почетокот на второто полувреме, а легендарниот Евра смета дека реакцијата на Македонецот била претерана и дека треба да добие награда за добра глума.

“Алиоски заслужува Оскар за неговата реакција. Падна како да Пепе му го скршил носот”, рече Евра.

Нашиот фудбалер кој ги брани боите на Лидс е мета на критичарите во Англија, кои сметаат дека намерно се обидел да предизвика агресивна реакција на Пепе.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote