in

Што?Што?

Алиша Силверстоун спие во ист кревет со 11-годишниот син

Американската актерка Алиша Силверстон (45) неодамна призна дека има многу близок однос со својот 11-годишен син Беар, а рече и дека спијат во ист кревет, поради што се најде и на мета на негативни критики.

Алиша истакна дека спие со синот во ист кревет, кој е речиси тинејџер, бидејќи „таа е мајка полна со љубов“.

Ваквиот став ја налути јавноста, особено родителите, додека многу експерти се согласија дека 45-годишната Алиша греши во својот метод на воспитување.

 

„Кога детето почнува да ја преиспитува разликата меѓу половите, влегува во пубертет и/или почнува да покажува непријатност, родителите би требало да престанат да го делат креветот со него. Тоа може да биде веќе во период од пет години“, рекла Рина Пател психолог и експертка за родителство.

Таа додала дека „кога детето е мало“, треба да почне да спие самостојно.

„Кога детето ќе прооди, би требала да почне да спие самостојно. Овој родителски стил на воспитување може да предизвика проблеми со границите, па дури и на самата мајка, односно на нејзиниот љубовен живот, бидејќи таа нема доволно време за себе. Верувам дека претерано приврзаното родителство на Силверстон повеќе од веројатно ќе му предизвика проблеми на Беар во иднина. Тоа може да доведе до врсничко насилство (булинг) и треба да се земе предвид социјалната ефикасност и тоа на таа возраст“, додала таа.

Експертката за родителство продолжила со напомена дека Беар треба „да се обиде да спие самостојно“.
„Како што стареат, ќе почнат и преспивања кај пријатели и кампови. Што би се случило во тие ситуации. Кога детето ќе се подготви да се исели или да оди на факултет.“

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote