Ф1 тимот Alpine претстави болид со кој ќе се натпреварува во Формула 1 шампионатот во сезоната 2021. Тоа ќе биде прва сезона во која тимот некогаш познат како Рено ќе настапи со нова марка.
Виртуелната презентација на болидот беше направена од тимската база во Енстон, а Alpine го претстави својот болид А521, кој ќе дебитира на отворањето на сезоната на крајот на март.
Тимот откри нови бои уште во јануари – така што боите на француското знаме (сина, бела и црвена) беа вметнати на црна основа.
Рено заврши петти во конкуренцијата на конструктори минатата сезона, а исто така оствари три пласмани на подиумот.
По заминувањето на Даниел Рикардо во Мекларен, возачи на Рено ќе бидат Себастијан Окон и Фернандо Алонсо.
Коментари
Loading…