in , ,

WTFWTF Што?Што?

И покрај греењето, вашата соба е сеуште ладна? Ако на ова место поставите алуминиумска фолија, ќе го решите проблемот!

Започна грејната сезона и луѓето полека се подготвуваат за зимата. Доколку не сте задоволни од перформансите на вашето грејно тело, постојат трикови со кои можете да ја задржите топлината во просториите што подолго. Можеби ќе бараат многу напор, но секако е подостапно.

 

Алуминиумска фолија

Ставете алуминиумска фолија на задниот дел од радијаторот за да не ја изгубите топлината. На овој начин топлиот воздух ќе го пренасочите кон центарот на вашата соба.

Ќебиња и теписи

Ќебињата и теписите го спречуваат собирањето на студениот воздух во просторијата. Ако вашата изолација на подот не е добра, дури 10 проценти од топлиот воздух може да се апсорбира во студениот под. Теписите се одлични изолатори, а исто така ќе ви ги загреат стапалата.

Завеси

Наутро отворете ги ширум завесите и пуштете ја утринската светлина во собата. Затворете ги завесите на сите прозорци пред да одите во кревет. Во повеќето домови, греењето е послабо или речиси го нема во текот на ноќта, а завесите ќе спречат топлиот воздух да излегува низ прозорците на вашите соби. Завесите што ги користите во зима треба да бидат што погусти, бидејќи така подолго ќе ја задржите топлината.

Украсете ги ѕидовите

Поставувањето огледала, фотографии и слики на ѕидовите ќе спречи загуба на топлина. Дури и подебел постер може да создаде дополнителен слој на изолација, кој ја зголемува температурата во станот и на тој начин ги спречува студените ѕидови да „впиваат“ топол воздух.

Исто така, се препорачува да не се загреваат ходникот и просториите што не се во употреба. Ова ќе го спречи непотребното губење на топлина и ќе ја задржи просторијата топла, пишува City Magazine.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote