in

Амазон го купува студиото на Џејмс Бонд за 8.5 милијарди долари!

Стриминг гигантот Амазон платил вртоглава сума од 8.5 милијарди долари за Студиото MGM.

Студиото MGM е косопственик на Џејмс Бонд и на многу други иконски франшизи. Популарното студио беше на продажба веќе подолг период, oткако снимаше популарни филмови 97 години. Но од минатата година, MGM не можеше да се натпреварува со конкуренцијата повеќе и реши да се стави на продажба.

Најновиот филм на Џејмс Бонд, No Time To Die, е снимен, но сеуште не е објавен, и заедно со оваа зделка, Амазон ги добива правата за објавувањето на филмот кој се очекува да биде вистински хит на бокс-офисот. Филмот се очекува да биде емитуван во кино салите во 2021.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote