Џеф Безос продаде многу повеќе акции од неговата компанија оваа година отколку што продаде минатата година, и покрај поситивната година за компанијата. Сепак, постои добра причина за најбогатиот човек на светот за продавањето на неговите акции. Амазон забележа рекордни профити оваа година бидејќи пандемијата ја поттикна онлајн трговијата.
Иако компанијата Амазон забележа зголемување на нејзината вредност, извршниот директор Безос се одличи на продавање на голем број на акции. Во Август, Безос продаде акции во вредност од 3.1 милијарди долари, а вкупно оваа година тој продаде акции во вредност од 10.2 милијарди! Ова е драматично зголемување на продажбата со акции во споредба со минатата година кога Безос продаде акции во вредност од 2.8 милијарди во текот на целата година.
Коментари
Loading…