in

ТаженТажен

БИЗАРНО! Продолжува рекордното уништување на шумите во Амазон!

Само во Амазон во мај се исечени 1.180 квадратни километри дождовна шума, што е нешто повеќе од вкупната површина на Хонг Конг, покажуваат најновите податоци.

Сечењето на шумите на дождовната шума Амазон се зголеми за 41 процент во споредба со истиот месец минатата година, објави бразилскиот Национален институт за вселенско истражување (ИНПЕ).

Исто така, трет месец по ред се забележани рекордни нивоа на уништување на шумите, а за прв пат количината на расчистена површина надминува 1.000 квадратни километри.

Гринпис Бразил предупреди дека Амазон, еден од најголемите резерви на биолошка разновидност во светот, е изложен на секојдневни ризици, пренесува порталот Index.hr.

Невладиниот институт „Опсерваторио до Клима“ изјави дека податоците се особено загрижувачки, бидејќи сезоната на суша започнува во мај, а потоа се забрзува сечењето на дрвјата во Амазон.

Доколку овој тренд продолжи во текот на следните два месеци, годишната стапка на уништување на шумите за 2021 година може да достигне највисоко ниво досега, беше истакнато од овој институт.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote