in ,

WTFWTF Што?Што?

Нов лист, стара книга: Амбер Херд ќе си истера по свое до крај

Амбер Херд се уште не се откажува од жалбата во врска со пресудата за случајот за клевета што го водеше против поранешниот сопруг Џони Деп, а реши да ја продолжи борбата со сосема нов правен тим.

 

Според странските медиуми, Амбер Херд официјално поднела жалба на пресудата, а за потребите на нова правна битка ангажирала нов адвокатски тим да води нов случај.

 

Меѓу адвокатите кои ги споменуваат медиумите се Дејвид Л. Акселрод и Џеј Вард Браун, кои претходно оваа година го бранеа Њујорк Тајмс во тужбата за клевета поднесена од политичарката Сара Пејлин.

„Уверени сме дека Апелациониот суд ќе си ја заврши работата како што треба. Овде нема да се зборува за нечија популарност, ниту пак таквите работи ќе имаат некаква улога во приказната“, нагласуваат адвокатите во соопштението за медиумите, а според пишувањето, Амбер Херд објави и нови докази против Џони Деп.

Што се однесува до нејзиниот претходен правен тим, Бен Ротенборн ќе продолжи да ја застапува Амбер Херд, но во соработник, додека Елејн Бредехофт ќе го напушти својот тим.

„Ова е одлично време за предавање на штафетата“, рече таа во изјава за медиумите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote