in ,

WTFWTF Што?Што?

Амбер Херд пишува книга во која ќе открие се за Деп? „Нејзината кариера е завршена, нема што да загуби“

Холивудската актерка Амбер Херд наводно е во преговори да напише книга за зголемување на приходите, откако изгубила милиони долари во тужба за клевета против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.

Имено, актерката наводно е подготвена за „одмаздничка“ книга, откако изгубила на суд.

– Амбер својата кариера во Холивуд ја смета за завршена. Таа веќе е во преговори и е возбудена поради тоа. Таа во овој момент нема што да загуби и сака се да каже – рекол изворот за ОК!

Дрор Бикел, адвокат за развод и автор на книгата „The 1% Divorce, When Titans Clash“, рече дека актерката може да се соочи со потенцијални тужби што книгата може да ги предизвика.

Колку што Херд сака да разговара за овој случај и за нејзината врска со Деп во книга во која се зборува за се, мора да биде крајно внимателна кога зборува за него – рече Бикел и истакна дека Деп и неговите адвокати ќе се фокусираат на се што зборува Херд.

– Доколку ја помине границата, што е голема веројатноста, нема сомнеж дека ќе ја погоди уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд – додаде адвокатот.

Адвокатите на Амбер Херд не ги негираа гласините, но не сакаа да ги коментираат овие наоди.

Иако сега се шпекулира дека таа ќе ја каже целата вистина во книгата, Амбер неодамна во интервју за NBC „Dateline“ изјави дека е „исплашена“ Деп повторно да не ја тужи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote