in

На Америка повеќе не и се потребни вакцини! САД ќе донира 60 милиони дози од АстраЗенека!

FILE PHOTO: A test tube labelled with the Vaccine is seen in front of AstraZeneca logo in this illustration taken, September 9, 2020. REUTERS/Dado Ruvic/Illustration/File Photo

Властите на Соединетите Американски Држави изјавија дека ќе донираат 60 милиони дози од вакцината на АстраЗенека на другите држави во наредните неколку месеци.

Вакцината на АстраЗенека веќе се користи насекаде околу светот, но сеуште не е одобрена од страна на американската Администрација за храна и лекови. Штом оваа администрација ја одобри вакцината, веднаш ќе се започне процедурата за донирање на 60 милиони дози од истата.

„Бидејќи голем број на различни вакцини се веќе одобрени и се примаат во САД, а АстраЗенека сеуште не е одобрена, државата нема да има потреба од нејзе во следниот период. Поради тоа тие ќе бидат донирани на државите на кои им е потребна вакцината“ соопштија од Белата куќа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote