САД во вторникот регистрирале 180.083 нови случаи на коронавирус и 2.597 смртни случаи поврзани со инфекција, покажуваат податоците на Универзитетот он Хопкинс.
Ова е втор најголем број на смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата. Најголем број на смртни случаи имало на 15 април – 2.603.
Во САД досега се потврдени вкупно 13.721.645 случаи на инфекција и 270.645 смртни случаи од коронавирус.