in

550.000 нови корисници за само 4 дена: Американците „потполно полудеа“ по руската апликација

Телеграм за брзо време стана втора најбарана апликација во САД, а во последните 72 часа доби дури 25 милиони нови корисници ширум светот.

Повеќе од половина милион Американци ја презедоа руската апликација Телеграм за само четири дена, од минатата среда до недела, по раскинувањето на Твитер профилот на Доналд Трамп и отстранувањето на апликацијата Парлер.

Телеграм со тоа стана втора најбарана апликација во САД, бидејќи Американците бараат алтернатива за големите корпоративни социјални мрежи.

Телеграм, социјалната мрежа и услугата за безбедни пораки, кои потекнуваат од Русија, биле преземени 545 000 пати во периодот од среда 6 јануари до недела на 9 јануари, трипати повеќе отколку во истиот период минатата недела, објави американската телевизија „Fox News“.

Следеше масовниот „егзодус“ на Американците кон другите социјални мрежи затоа што е потешко да се контролираат од традиционалните, како што се Фејсбук или Твитер, но и поради политиката на казнување на корисниците што ја водат социјалните мрежи, пишува New York Times.

Телеграм прими 25 милиони нови корисници во последните 72 часа, рече основачот на оваа мрежа, Павел Дуров. Тој откри дека 38 проценти од новите корисници доаѓаат од Азија, 27 проценти од Европа, 21 процент од Латинска Америка, 8 проценти од Блискиот исток и Северна Африка, пренесува порталот PCNen.

„Fox News“ наведува дека руската апликација Телеграм профитирал многу затоа што корисниците масовно ја напуштаат американската апликација за пораки „WhatsApp“, сопственост на „Фејсбук“, поради промените во условите за користење што ја нарушуваат приватноста на корисниците.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote