in ,

Американските ресторани поради пандемијата немаат кечап

САД се соочуваат со недостиг на кечап затоа што пандемијата на корона вирусот ја зголеми побарувачката за овој популарен додаток на храна, пренесува Би-Би-Си.

Heinz, најпознатата марка на кечап, рече дека зголемувањето на побарувачката се должи на зголемениот тренд на испорака или земање храна за носење.

Луѓето со храна порачуваат повеќе кечап во кеси кои го замениле кечапот во шишињата на масите во рестораните.

Компанијата вети дека ќе го зајакне производството.

Heinz за агенцијата AFP изјави дека ги прилагодил процесите на производство, но дека „побарувачката е сè уште поголема од понудата“.

Според Wall Street журнал, цената на кечапот се зголемила за 13 проценти од јануари 2020 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote