in

Американски хамбургер лепињи: Највкусната замена за леб!

Можете да ги користите наместо леб со кој било оброк, или кога ќе одлучите да направите вистински американски хамбургери..

Состојки:

  • 2,5 лажички квасец,
  • 4,5 чаши брашно,
  • 1,5 лажички сол,
  • 2 лажици шеќер,
  • 75 грама стопен путер,
  • половина чаша млеко,
  • 1 чаша млака вода

За премачкување:

  • 1 јајце
  • 1 лажица вода
  • семе од сусам

Начин на подготовка:

Истурете шеќер и квасец во млака вода. Оставете квасецот да нарасне. Во голем сад, истурете го брашното и солта и промешајте.


Во квасецот додадете млако млеко и путер. Полека додадете го квасецот во брашното. Направете тесто. Покријте го тестото со фолија и оставете го да нарасне на топло место.

Ставете го нараснатото тесто на рамна, побрашнета површина. Поделете го тестото на 8 еднакви делови. Секој дел направете го во форма на топка. Топчињата премачкајте ги со изматено јајце и вода. Потоа посипете семе од сусам.

Топчињата ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете 15 минути на 200 степени.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote