in

ТРАМП ЈА СМЕНИ БОЈАТА НА КОСАТА? Американскиот претседател стана хит на Интернет поради еден детал.

Првото обраќање по изборите го привлече вниманието на многумина

Првото обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп откако американските медиуми го прогласија eо Бајден за победник на претседателските избори, го привлече вниманието на многумина, но не толку поради тоа што го рече, туку поради промената на бојата на косата.

Имено, на сите им привлече внимание дека карактеристично русата коса на американскиот претседател сега доби позасива нијанса.

Наскоро стана тема за корисниците на социјалните мрежи кои се прашуваа што се случи со препознатливата боја на коса на Трамп.

Некои ја припишуваа сивата нијанса на ненадејниот стрес поради резултатите од изборите, додека други се прашуваа дали нешто се случило со фризерката на претседателот.

Се чини дека бојата за коса на Доналд Трамп едноставно се предаде – е еден од коментарите напишани од Ахмед Баба, ко-основач и уредник на „Рент Медиа“.

Инаку, Трамп вчера објави дека наскоро ќе пристигне вакцината против вирусот корона, нагласувајќи дека неговата администрација нема да ја затвори земјата поради пандемијата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote