in ,

Што?Што?

Американка го сруши Гинисовиот рекорд-има најголема уста на светот (ВИДЕО)

Американката Саманта Рамсдел стана позната благодарение на нејзината голема уста.

Таа секогаш тврдела дека ја има најголемата уста на светот, а сега тоа и се потврди.

Таа го соборила Гинисовиот рекорд за најголема женска уста на светот. Како што е објавено на официјалната веб -страница на Гинисовата книга на рекорди, нејзината уста е широка дури 6,52 сантиметри.

“Совети за сите оние кои имаат нешто необично и би сакале да освојат Гинисова титула, направете го тоа. Бидете горди на тоа и направете го ваш најголем адут. Тоа е вашата супер моќ. Тоа е она што ве прави посебни и поразлични од сите други”, рече Саманта.

Саманта редовно ја покажува својата голема уста на социјалните мрежи. На TikTok ја следат 1,7 милиони луѓе и таму снима видеа како става големи количини храна во устата. Некои снимки имаат милиони прегледи.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote