in

Амстердам тестира електрични чамци, замена за уличниот сообраќај! [ВИДЕО]

Амстердам ќе започне со тестирање на електрични автономни бродови на своите канали, во обид да се ослободи сообраќајот по метежните улици.

Прототип на футуристички роботски брод е планиран да плови низ каналите на Амстердам, чија вкупна должина е околу 100 км, што ќе извршува различни задачи – од превоз на патници до транспорт на смет.

Експертите од Амстердамскиот институт за напредни решенија и научниците од Институтот за технологија (МИТ) во американската држава Масачусетс работат на проектот роботски брод.

Таквите чамци пловат со брзина до шест километри на час, со помош на елиса и четири придвижувачи напојувани од електрична батерија. Во зависност од видот на батеријата и количината на товар што тие го носат, чамците можат да возат од 12 до 24 часа.

Тие се контролираат од далечина од компјутер заснован на податоци од камери и сензори кои ги скенираат областите околу садот.

Тимот кој работи на проектот вели дека ќе бидат потребни уште две до четири години за да се усоврши технологијата за автономно управување со тие пловни објекти.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote