Откако доживеа пораз од екипата на Сити, легендарниот Карло Анчелоти призна дека нема екипа како онаа на „Граѓаните“. Сити се најде во полуфиналето од купот на Англија и продолжува да се бори на четири фронта.
По поразот, менаџерот на „Карамелите“, Анчелоти имаше само пофални зборови за екипата на неговиот колега Пеп Гвардиола:
„Се држевме, но не успеавме да издржиме до крај. Задоволен сум од мојата екипа, бидеќи загубивме од најдобрата екипа во светот. Тие ја имаат најдобрата клупа во светот и овој натпревар беше добро искуство за нас.“
Коментари
Loading…