in

ANDRIANA LIMA СЕ СМЕТА ЗА ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ, А СЕГА Е ФАТЕНА БЕЗ ШМИНКА! Разликата е огромна, вака навистина изгледа LIMA!

Адријана Лима, поранешната сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, секогаш важеше за една од најубавите жени на планетата, а во неколку наврати заврши на врвот на листата најсекси познати дами.

Најпознатата „српска снаа“, како што некогаш ја нарекуваа тамошните медиуми, стана една од најбараните модели во светот благодарение на своето убаво лице и совршената фигура, и една од „Ангелите на Викторија“, титула посакувана од сите убавици во светот на модата.

Таа се пензионираше во ноември 2018 година, кога последен пат се прошета по пистата за брендот Викторија Сикрет. Но, и после тоа, таа продолжи да работи на бројни кампањи за луксузни брендови, но не толку интензивно како порано.

Познатата Бразилка неодамна беше фатена од папарацо-фотографи на улиците во Мајами во лежерно домашно издание, без тронка шминка и со опуштена фризура. Со неа беше нејзината помлада ќерка Сиена (7). Инаку, таа и Јариќ имаат уште една ќерка – 11-годишната Валентина.

Адријана носеше обични црни хеланки и памучна маица, како и голема кожна торба, а го следеше и најновиот холивудски тренд – па на чорапите им стави влечки.

И покрај фактот дека без шминка не изгледа како гламурозна дама од кориците, сепак е многу убава и негувана, а интересно е што нема ни трага од брчки, иако веќе има 39 години!

Инаку, Лима беше во брак со Јариќ од 2009 до 2016 година, а парот остана во добри односи и по разводот, пред се поради воспитувањето на своите ќерки.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote