in

Енди Мареј оптимистичен: „Навивачите ќе направат голема разлика на Вимблдон“

Енди Мареј едвај чека да настапи на Вимблдон, откако властите изјавија дека можно е да има публика во целосен капацитет на терените.

Турнирот, кој не се одржа во 2020 поради пандемијата, ќе започне на 28 јуни, седум дена откако растрицкиите во Англија ќе бидат целосно тргнати. Последните одлуки околу присуството на публика ќе ги дознаеме пред почетокот на самиот турнир, бидејќи ситуацијата е непредвидлива.

„Се надевам дека ќе настапиме пред публика, бидејќи навивачите на вистина прават голема разлика особено кога играте на легендарниот турнир како што е Вимблдон“ изјави Британецот Енди Мареј.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote