in ,

Ангела Меркел го продолжи карантинот во Германија до крајот на јануари: „Ова е нова ситуација“

Мора да ги ограничиме контактите уште посериозно – рече Меркел

Канцеларката Ангела Меркел најави дека вечерва блокадата во Германија ќе биде продолжена барем до крајот на јануари, пренесуваат светските медиуми.

Меркел објасни дека ситуацијата во болниците е напната и дека мутацијата на корона вирусот предизвикува голема загриженост.

  • Овде мора да бидеме посебно внимателни. Ова е нова и посебна ситуација – рече Меркел вечерва и додаде дека поради тоа, мерките ќе мора да бидат построги, пренесува Билд.

Според германските медиуми, приватни собири ќе бидат дозволени со членови од семејството и максимум со една личност која не живее во тоа домаќинство. Меркел посочи дека никој не смее да биде сам.

Исто така, според новите регулативи, мензите на работните места ќе бидат затворени, а слободата на движење ќе биде ограничена во фокусите на коронавирусот. Заклучувањето на училиштата и градинките ќе биде продолжено до крајот на јануари.

„Билд“ наведува дека мерките се засилени за луѓето кои доаѓаат од странство каде постои голем ризик од инфекција со коронавирус. Исто така, на секој родител ќе му се дадат 10 дена одмор во случај неговото дете да биде болно, а самохран родител ќе има 20 слободни денови. Овие мерки важат и ако детето не може да оди на училиште или градинка поради корона вирусот.

Меркел ја брани вакцинацијата

Германската канцеларка ја бранеше политиката на вакцинација против корона вирусот во ЕУ, која беше критикувано од германската јавност, според Билд.

  • Не сакаме никакви индивидуални обиди на нациите. Најефективната заштита може да се обезбеди и преку европски пристап. Во интерес на Германија е да се вакцинира населението во соседните земји на ЕУ против коронавирус – рече таа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote