in

Ангела Меркел во посета во погодените области, бројот на жртвите во Германија се искачи над 180

Германската канцеларка Ангела Меркел отиде во посета во селото кое беше уништено од поплавите оваа недела – кое до сега однесе најмалку 188 животи низ Германија и Белгија и оставо штета вредна повеќе од милијарда евра.

Г-ѓа Меркел по нејзината посета рече: “Ние сме покрај вас”, опишувајќи ја ситуацијата како “застрашувачка”. Таа додаде: “Шокантно е – скоро можам да кажам дека германскиот јазик нема зборови што ќе кажат колкава е штетата што е направена”.  “Она што можев да го видам, е исто така неверојатно утешно – солидарноста таму, како луѓето се држат заедно, како си помагаат едни на други”.

Бројот на жртви од поплавите во Западна Европа се искачи на 188 во неделата, откако спасувачите ископаа подлабоко во остатоците.

Во областа Ahrweiler во западната Германија, бројот на евидентирани смртни случаи надмина 110 и полицијата стравува дека таа бројка може да се зголеми.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote