in

Анџелина Џоли продава слика што Черчил му ја подари на Рузвелт! [ФОТО]

Сликата на мароканскиот пејзаж „Кулата на џамијата Камбоја“ на Винстон Черчил, која тој ја донираше на американскиот претседател Френклин Рузвелт, а е во сопственост на холивудската актерка Анџелина Џоли, ќе биде понудена на продажба во март, објави аукциската куќа „Кристи“.

Вредноста на уметничкото дело на Черчил се проценува на еден и пол до два и пол милиони фунти.

Слика на џамија во Маракеш од 12 век на зајдисонце, со планините Атлас во позадина, е единствената слика што британскиот лидер успеа да ја заврши за време на Втората светска војна.

Тој ја насликал сликата по јануарската конференција во Казабланка во 1943 година, каде што тој и Рузвелт го испланираа поразот на нацистичка Германија. Двајцата лидери го посетија Маракеш по конференцијата за да може Черчил да му ја покаже на Рузвелт убавината на градот.

Ник Орчард, кој е раководител на Одделот за модерна британска уметност во Кристи, изјави дека Рузвелт бил воодушевен од неверојатната глетка што подоцна Черчил ја овековечил во сликата.

Британскиот државник бил страствен аматерски сликар кој насликал околу 500 слики.

Сликата ја продал синот на Рузвелт по смртта на неговиот татко во 1945 година, а имал неколку сопственици пред да биде купена во 2011 година од Анџелина Џоли и нејзиниот тогашен партнер Бред Пит.

Орчард рече дека аукциската куќа се надева дека би можела да постигне нов рекорд кога станува збор за вредноста на делата на Черчил.

„Досега рекордната цена е околу 1,8 милиони фунти за слика што според мене не е толку важно како оваа“, рече тој.

Орчард оцени дека „Кулата на џамијата Катубија“ е најважното дело на Черчил.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote