Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, рече дека спортските стадиони и настани нема да имаат ограничување на капацитетот од 19 јули, бидејќи ограничувањата на коронавирусот ќе бидат ублажени од тој датум. Нема да има повеќе социјално дистанцирање, ниту носење маски..
Премиерот на Велика Британија на прес-конференција во понеделникот ги презентираше најновите предлози, заедно со неговите соработници, што значи дека спортските стадиони и сите настани низ Англија ќе можат да работат со полн капацитет од 19 јули, откако Владата го одреди следниот фаза на олеснување на ограничувањата од коронавирусот.
Следната фаза подразбира крај на социјалното дистанцирање, што особено ги задоволи љубителите на фудбалот пред почетокот на новата сезона во август.
BREAKING: Prime Minister Boris Johnson says sports stadiums and events are set to have no capacity cap from July 19th as restrictions ease 🏟️
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 5, 2021
Коментари
Loading…