in

Англија казнета со 25 илјади фунти поради инцидентот со Шмајхел

Англиската фудбалска федерација беше казнета со парична казна во висина од 25 илјади фунти поради три инциденти кои се случија за време на натпреварот со Данска.

Еден од инцидентите беше светење со ласер во очите на голманот Каспер Шмајхел само неколку моменти пред изведувањето на пеналот на Хари Кејн во продолженијата од натпреварот.

Останатите два инциденти беа непочитување на данската химна пред почетокот на натпреварот и пукање на огномети. Во соопштението кое го објави УЕФА пишуваше: „УЕФА одлучи да ја казни фудбалската федерација на Англија со 25.000 фунти поради инцидентите кои се случија за време на полуфиналниот натпревар против Данска“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote