in

Англија казнета со 30 илјади евра! ЕВЕ ЗОШТО!

УЕФА ја казни Англија со 30.000 евра за неколку пропусти на полуфиналниот натпревар на Европското првенство против Данска.

Објаснувањето за казната вели дека ласерот бил насочен кон голманот Каспер Шмајхел пред изведувањето на пеналот од Хари Кејн. Навивачите исто така ги исвиркаа химните на Данска и беа користени нелегални пиротехнички средства.

Англија славеше со 2:1 по продолженијата и за прв пат избори пласман во финалето на континенталниот шампионат. Решавачкиот гол падна при крајот на првото продолжение, кога беше досуден контроверзен пенал за Англија. Шмајхел го одбрани ударот, но Кејн истрча на блокираната топка и ја смести во мрежата.

Тие во недела (денеска) од 21 часот на „Вембли“ ќе играат против репрезентацијата на Италија во финалето за титулата европски шампион.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote