in

Адетокумпо се повреди во поразот против Атланта

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Џанис Адетокумпо мораше да го напушти теренот по повредата на коленото.

Натпреварот им припадна на Атланта Хокс со резултат 110-88 и серијата во финалето на источната конференција моментално е израмнета со резултат 2-2. Адетокумпо, 26 беше изнесен надвор од теренот откако наскокна лошо на ногата во третата четвртина.

Тој го гледаше натпреварот од клупата, но мора да направи дополнителни тестови за да се знае колку е сериозна повредата. „Кога ќе го загубите најдобриот играч, тогаш стварно сте во лоша ситуација“ изјави Такер по натпреварот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote