in

Кармело Ентони испиша историја! Сега е најдобриот 10ти стрелец на сите времиња во НБА!

Кармело Ентони игра одлична сезона со Портланд Трејлблејзерс, и во поразот против Атланта Хокс тој успеа да го престигна Елвин Хејс на десетата позиција на најдобри стрелци на сите времиња во НБА.

Ентони постигна 14 поени овој натпревар и сега има 27,318 во својата кариера. На деветата позиција се наоѓа Моусес Мелоун со 100 поени повеќе. Преостануваат уште седум натпревари оваа сезона, па Кармело ќе има одлична шанса да ја заврши сезоната на деветата позиција.

Кармело Ентони, заедно со Леброн Џејмс, се единствените активни играчи кои се наоѓаат во топ 10 стрелци во НБА. Интересен податок е што само Ентони од сите 10 е без шампионска титула или без освоен МВП.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote