in ,

WTFWTF Што?Што?

Розова апокалипса во Австралија?! Необично розево небо над австралиски град

Кога розев сјај го осветли вечерното небо над еден австралиски град во средата, локалната жителка Тами Сзумовски се прашала дали апокалипсата пристигнала.

– Бев кул, мирна мајка, која им вели на децата: „Нема што да се грижите“, изјави Тами за Би-Би-Си и додаде:

– Но во мојата глава се прашував што по ѓаволите е ова?

Сепак ,се испоставило дека виновник за розовото небо е една фарма со канабис.Розовата светлина излегувала од од фарма со канабис која се наоѓала во близина на градот Милдура, во северна Викторија.

Но, како и другите запрепастени и исплашени локални жители, Тами мислела дека се работи за инвазија на вонземјани. Или астероид.

– Мама е на телефон, а тато во позадина вели: „Подобро побрзам да јадам бидејќи доаѓа апокалипса. И мама вели: „Која е поентата да се јаде ако е крај на светот? – изјави жителот на Милдура.

Производителот на марихуана што се користи за медицински цели, „Кан груп“, потврди дека за „инцидентот“ се виновни светилките од фармата за канабис.

Инаку, медицинскиот канабис е легализиран во Австралија во 2016 година, но рекреативната употреба на оваа дрога е забранета. Оттогаш, австралиските регулатори одобриле близу 260.000 рецепти за различни заболувања.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote