in

УбавоУбаво

Apple продава поевтини и обновени модели на iPhone 13 во Европа

Apple ќе ја претстави серијата iPhone 15 оваа година. Ќе пристигне наесен, а дотогаш Apple работи на постари серии. Така американската компанија започна со продажба на користени (обновени) модели од серијата iPhone 13 во Европа.

Гигантот од Купертино започна со продажба на користени (обновени и реновирани) модели на iPhone 13 mini, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max во Европа. Поточно, телефоните моментално се продаваат во Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија.

Зборуваме, значи, за т.н „реновирани“ модели. Станува збор за телефони кои поради некоја причина му биле вратени на Apple од клиенти, кои потоа добиле нов модел. Причините можат да бидат различни дефекти итн. Така, „обновените“ модели пристигнуваат со нова батерија, ново куќиште, оригинални делови на Apple (ако им требаше замена), оригинален ОС или понова верзија и специјална кутија со сите додатоци и кабли.

Ова е прв пат Apple да одлучи да продава вакви модели во Европа. Во САД продажбата на вакви уреди е нашироко застапена, но таму се уште не е започната продажбата на обновените модели на iPhone 13, но тоа ќе се случи наскоро.

Во Европа, Apple на купувачите на овие модели ќе им понуди една година гаранција, со бесплатна испорака и враќање.

Што се однесува до цените, во споредба со купувањето нови модели, зборуваме за заштеда од 100 до 230 фунти во Велика Британија, во зависност од моделот, и за заштеда од 120 до 280 евра во Германија, Италија и Шпанија.

Можеби на прв поглед не изгледа дека има голема разлика во цените, но потребно е да се земе предвид дека практично обновените модели не се разликуваат значително во однос на новите модели на iPhone.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote