Овој ручек е одличен за сите членови на семејството, а исто така е прилагоден и за дијабетичари.
Состојки:
- 1 пилешко, исечено на парчиња
- бибер по вкус
- 1 лажица маслиново масло
- 2 чешниња лук
- 2 домати
- 1 ловоров лист
- 1 пакет замрзната слатка пченка
Подготовка:
Отстранете ја кожата од месото. Додадете сол и бибер по вкус. Во голема тефлонска тава, загрејте го маслото и пржете го пилешкото, свртете го, околу 15 до 20 минути. Кога пилето е готово, извадете го од тавата и чувајте го на топло место. Во тоа масло се динста лук, се додава домат, ловоров лист и се крчка околу 10 минути. Додадете пченка и пилешко и измешајте го дорбо со сосот.
Коментари
Loading…