in ,

WTFWTF Што?Што?

Археолошката измама на векот: Лагата која успеа да измами илјадници научници цели 40 години

Таканаречениот „Човек од Пилтдаун“ е археолошко откритие на остатоци од череп и вилица ископани во 1912 година од гроб во Пилтдаун, село во Источен Сасекс. Тие беа претставени како „алка што недостасува“ – транзиција меѓу човекот и мајмунот и како фосил кој претходно ѝ беше непознат на науката. Светот се зачуди!

 

Единствениот проблем? Се работеше за измама! Немаше „алка што недостасуваше“. Човекот од Пилтдаун не беше вистински!

Научниците веднаш го доведоа во прашање ова откритие. За тоа се дискутира и дебатира со децении, но никој не може со сигурност ниту да го оспори, ниту да го потврди.

Така, откритието остана контроверзно до 1953 година, кога, благодарение на новата технологија, дефинитивно беше прогласено за измама! Испадна дека е направен од долната вилица на орангутан и череп на современ човек, пишува Allday.com.

Се верува дека измамата ја смислил „откривачот“ на човекот од Пилтдаун – Чарлс Досон, геолог аматер и адвокат кој бил меѓу членовите на експедицијата што го „открила“ фосилот. Токму тој собра неколку истакнати научници за да ги проучат остатоците што ги нашол. Тој починал во 1916 година, долго пред да бидат оспорени наодите.

„Измамата на Пилтдаун“ е веројатно најпознатата од археолошките измами. За откритието се дебатира повеќе од 40 години и, иако Донсон беше главниот осомничен, неговата одговорност никогаш не била со сигурност докажана.

Беа предложени уште неколку можни креатори на измамата, но до денес не се знае кој организирал се.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote