in

Арнаутовиќ доби суспензија од еден натпревар од УЕФА!

Напаѓачот на Австрија, Марко Арнаутовиќ доби суспензија за еден натпревар од УЕФА поради навредата која беше упатена кон Езџан Алиоски.

Арнаутовиќ, кој е Србин по потекло, мораше да биде смируван од капитенот Алаба поради непрофесионалното однесување за време на прославата на последниот гол на натпреварот.

Арнаутовиќ ги упати неговите коментари кон Езџан Алиоски и Егзон Бејтулаи и ги навреди на национална основа. После натпреварот фудбалерот на Австрија се извини на социјалната мрежа Инстаграм и додаде дека „не е расиста“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote