Избраниците на Микел Артета беа поразени во гостувањето кај Саутемптон со минимални 1-0 во рамките на ФА Купот на Англија. Арсенал беше актуелниот шампион во ова натпреварување и не успеа да ја одбрани титулата.
Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во првото полувреме откако Габриел ја затресе сопствената мрежа во 24 минута. Волкер Питерс со центар шут го погоди Габриел по што тој невнимателно го совлада Лено. Саутемптон ќе се сретне со Вулвс во средната рунда од натпреварувањето.
Коментари
Loading…