Арсенал го заврши својот пат во групната фаза во Лигата на Европа во групата Б со 100% учинок, односно со сите победи откако успеаа да победат на гостувањето во Дундалк на стадионот Авива. Топџиите постигнаа 4 погодоци во овој натпревар, а примија само 2.
Мохамед Елнени беше еден од оние кој се запиша на листата на стрелците заедно со неговите соиграчи Вилок Балогун и Нкетиа. Арсенал се пласираше во нокаут фазата со совршени 6 од 6 победи. Нивната форма е одлична во Европа, но загрижувачка во домашното првенство.
Коментари
Loading…