in

ШОКАНТНО: Голема веројатност дека Земјата ќе биде погодена од астероид во 2068 година!

Дејвид Толен, астроном во Универзитетот на Хаваи, неодамна соопшти вест за астероидот именуван Апофис за време на конференцијата на Астрономи на САД. За време на презентацијата, тој и неговиот тим ја опиша веројатноста да бидеме удрени од астероидот. Астероидот Апофис прв пат бил забележан во 2004 и научниците открија дека тој ќе има 3 блиски средби со Земјата, во 2029, 2036 и 2068. Првично се мислеше дека астероидот нема шанса да ја погоди Земјата.

Но сега Толен верува дека астероидот ќе биде многу поблиску до Земјата отколку тоа првично се мислело. Во 2029 и 2036 нема да има никаков проблем, но во 2068 сеуште не сме многу сигурни. Тој верува дека има веројатност дека Земјата ќе биде погодена од астероидот и ги советува неговите колеги цело време да го набљудиваат Апофис. Повеќе информации за ова ќе добиеме во 2029, кога астероидот за прв пат ќе помине во близина на нашата планета.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote