in

Астмата не го зголемува ризикот од сериозна зараза со ковид-19!

Само астмата не е фактор на ризик за хоспитализација или тешка состојба на ковид-19, а луѓето со алергија предизвикана од астма всушност може да бидат со помал ризик, според новата студија презентирана на годишниот виртуелен состанок на Американската академија за алергија, астма и имунологија .

Научниците од Универзитетот Стенфорд следеле 5.596 пациенти кои биле позитивни на ковид-19 од март до септември 2020 година.

Од тој број, 11 проценти биле хоспитализирани, вклучително и 100 пациенти со астма. „По разгледувањето на другите медицински состојби на пациентите поврзани со потешка слика на ковид-19, вклучувајќи висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес и дебелина“, астмата веќе не беше фактор на ризик за хоспитализација“, рече д-р Лорен Егерт.

Меѓу пациентите кои биле хоспитализирани, астмата не била значително поврзана со тежината на болеста, рече лекарот.

Истражувачите исто така откриле дека пациентите со алергиска астма имаат скоро половина веројатност да имаат потреба од хоспитализација отколку пациентите со други видови на астма.

Можно објаснување, рече д-р Егерт, е дека кај алергиска астма, имунолошкиот систем го намалува производството на ACE2 протеин на клеточните површини, кои се главната влезна точка за коронавирусот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote