in

Астон Вила го обори својот клупски рекорд и го купи играчот на Норич!

Астон Вила по успешната сезона го собори и својот клупски рекорд и во своите редови го донесе играчот на Норич, Емилиано Буендиа.

Вила успеа да го победи Арсенал во трката за потписот на играчот кој игра во средината. Аргентинецот, 24, беше назнаечен за играч на сезоната на Норич и успеа да му помогне на клубот експресно да се врати во Премиер Лигата.

Договорот моментално изнесува 33 милиони фунти, но со разни бонуси може да порасне до 38 милиони. Буедниа веќе има 36 настапи во Премиер Лигата за Норич. Тој потпиша за Канаринците во 2018 од Гетафе за сума од 1.5 милиони фунти.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote