Германските власти одлучија дека вакцината која ја произведува компанијата АстраЗенека ќе може да ја примаат само лица постари од 60 години. Оние помлади од 60, ќе можат да ја примаат, но само доколку нивните лекари го дозволат тоа.
Оваа одлука беше донесена откако неколку држави тврдеја дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта, но од Светската здравствена организација изјавија дека таква поврзаност не постои и дека вакцината е безбедна за примање.
Коментари
Loading…