in ,

СлаткоСлатко

Астролозите пресметаа – какви се шансите да добиете на лото

Имено, Дејли Мејл објави кои се најсреќните хороскопски знаци кога станува збор за коцкањето. На прво место се Рибите кои во текот на минатата година на лотарија освоија повеќе добивки од кој било друг знак.

Родените помеѓу 19 февруари и 20 март освоиле 11,6 отсто од сите добивки на лотарија. Веднаш зад Рибите се Близнаците, а играчите на овој хороскопски знак освоиле 9,9 отсто од добивките, а еден отсто помалку се Девиците со 8,9 отсто и Водолиите со 8,5 отсто.

Најнесреќниот хороскопски знак е Стрелец бидејќи само шест отсто од неговите членови добиле џекпот на лотаријата.

Портпаролката на Австралиската лотарија Лорен Кони рече дека би било интересно да се види дали овој тренд ќе продолжи.

„Рибите секогаш се гледаат како дарежливи и сочувствителни, со длабоко чувство на добрина и сочувство. Би било интересно да се види што се случило со нивните добивки на лотарија или дали го споделиле со своите најблиски“.

Табела со хороскопски знаци и процент на победници во вкупниот број на добитници:

– Риба 11,6%

– Близнаци 9,9%

– Девица 8,9%

– Водолија 8,5%

– Шкорпија 8,5%

– Бик 8,5 %

– Рак 8,2%

– Лав 7,7%

– Вага 7,7%

– Јарец 7,7%

– Овен 7,5%

– Стрелец 6%

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote