Слушалките за „над уши“ на Apple за кои долго се шпекулира, официјално се објавени. AirPods Max се одликува со надушен дизајн, длабока интеграција со остатокот од екосистемот на Apple, чипот H1 и многу повеќе. Тие се достапни за нарачка денес за 549 долари, а првите нарачки пристигнуваат следната недела.
Веднаш во очи запаѓа астрономската цена на овие слушалки. На многу од нас ни доаѓа на памет како со речиси 550 долари може да купиме половен автомобил со кој ќе можеме да ги решаваме секојдневните обврски поврзани со транспортот. Слушалките доаѓаат во пет вида бои. Исто така автомобилот од 550 долари може да дојде во различни бои, нели?
Сите знаеме дека целиот екосистем на Apple секогаш не „НЕ“ изненадува со цените.
По лансирањето, луѓе од повеќето земји се „побунија“ за астрономската цена. 629 евра во Белгија, 790 долари во Шведска. Песимисти сме на тоа дека цените кај нас на овие „магични“ слушалки ќе бидат нешто подобри со оглед на тоа колку чини еден IPhone 12 кај нас.
Коментари
Loading…