Атланта Хокс беа подобри од Њу Јорк Никс во четвртиот натпревар од првата рунда во плеј-офот.
Со резултат од 113-96 екипата на Атланта стигна на чекор до пласирање во вторат рунда и води со 3-1 во серијата против Њу Јорк Никс. Најдобар играч во ростерот на Атланта беше младиот Тре Јанг и успеа да постигне 27 поени.
Натпреварот беше неизвесен во првото полувреме, но веќе во третат четвртина, Атланта успеа да направи голема разлика од 13 поени. Оваа разлика се докажа како недостижна за Њу Јорк, со што Атланта ја продолжи низата на победени натпревари на домашен терен на 13 добиени.