in

Атлетичарка стана првата транс-жена којашто ќе се натпреварува на Олимписките игри во Токио!

Атлетичарката на Нов Зеланд, Лорел Хубард стана првата транс-жена којашто ќе се натпреварува на Олимписките игри во Токио ова лето.

Хубард е 43 годишна и ќе се натпреварува во дисциплината дигање на тегови. Таа ќе стане првата транс личност во историјата на Олимписките игри. Ќе се натпреварува во тешката категорија над 87 килограми во Игрите во Токио.

По добиената дозвола, Хубард изјави: „Многу сум среќна и чест ми е што добив можност да се натпреварувам во едно такво историско натпреварување“. Ваквата одлука наиде на многу негативни реакции на социјалните мрежи, со кој корисниците велат дека е многу нефер кон другите натпреварувачи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote