Атлетико Мадрид доминира во домашното првенство на Шпанија, а на негова мета се најде Кадиз кој преку одличниот Луис Суарез успеа да го совлада со високи 4-2. Атлетико сега е на 10 бода разлика од второпласираниот во Ла Лигата.
Суарез успеа да постигне 2 погодоци, од кој еден од слободен удар, а други играчи кои се запишаа во стрелците беа Коке и Саул Нигез. За Кадиз стрелаше Алваро Негредо два пати. Кадиз остана со 24 бода на 13тата позиција, додека Атлетико има 50.
Коментари
Loading…