Атлетико Мадрид стана нов шампион на Шпанија, откако во последното коло го совладаа Реал Ваљадолид.
Избраниците на Диего Симеоне губеа на полувремето, но успеаја да го свртат натпреварот во нивна корист во продолженијето и да стигнат до титула во домашното првенство. Уругвајскиот напаѓач, Луис Суарез беше херојот кој му донесе победа на Атлетико.
На стартот на сезоната, Коман му кажа на Суарез дека го нема во неговите планови, па тој се пресели во Атлетико и постигна 21 гол со кои му помогна на неговиот нов тим да стигне до титула во Ла лигата.