За да ги охрабри играчите да се вакцинираат против вирусот корона, Здружението на професионалци во тенис (ATP) ги ажурираше протоколите COVID-19, кои важат на турнирите.
Според Еуроспорт, играчите кои биле вакцинирани ќе бидат на посебна листа и ќе имаат одредени придобивки.
Според новите регулативи, вакцинираните играчи ќе продолжат да бидат тестирани за КОВИД-19 по пристигнувањето на турнирот, но нема да мора да бидат изолирани додека чекаат резултати. За време на тој период, тие ќе можат нормално да се движат и тренираат.
Исто така, сите оние кои примиле вакцина нема да се сметаат за „блиски контакти“ во случај некој од учесниците или организаторите да добие позитивен тест за време на турнирот.
„Развиваме стратегија за вакцинација и се надеваме дека вакцините ќе бидат достапни за голема група играчи“, рече ATP.
„Ние соработуваме и со други меѓународни спортски лиги, со цел да се донесе најдобрата практика.
Новите правила треба да се применуваат од Мастерсот во Монте Карло.
Коментари
Loading…