in

Авион се урна во морето откако исчезна од радарот!

Авион со 28 патници се урна во морето до источниот брег од полуостровот Камчатка во Русија.

Авионот Antonov An-26 патувал од локалното село кое се наоѓа на северот на Камчатка до регионалниот главен град Петропавловск-Камчатки. Во еден момент тој исчезнал од радарот и комуникацијата со центарот била прекината.

Во авионот патувале 22 патници и 6 членови на екипажот, вклучувајќи ја и локалната градоначалничка Олка Мокриева. Според медиумите, авионот се урнал во морето и моментално е покрената истрага со авион и два хеликоптери.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote