in

БИЗАРНО! Авион удрил во мечка при слетување!

Авион на Алјаска ерлајнс при слетување погоди мечка на пистата, а по тој повод, животното беше убиено додека авионот беше оштетен, објави администрацијата на аеродромот Јакутат на југоистокот на Алјаска.

Ниту еден од патниците не е повреден. Авионот за кој станува збор бил Боинг 737-700, а покрај мечката што ја убил имало двегодишно младенче, кое не било повредено, изјави портпаролот на Одделот за транспорт и јавни установи, Сам Дапчевиќ.

Работниците на аеродромската служба ја расчистиле пистата околу десет минути пред авионот да треба да слета, додаде Дапчевиќ, велејќи дека авионот слетал во темница, а екипажот ги следел сите редовни процедури.

„Носот на авионот ги промаши мечките, но капетанот почувствува удар на левата страна, кога мечките поминаа под авионот“, се вели во соопштението на Алјаска ерлајнс.

Пилотите подоцна ја виделе мечката како лежи на околу шест метри од пистата, кога го паркирале авионот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote